Силва испрати „отровни стрели“ кон Арсенал (Фото)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Дербито меѓу Манчестер сити и Арсенал заврши без победник (2-2) на „Итихад“, но по дуелот имаше тензии меѓу фудбалерите од двете екипи.

Провокациите почнаа од Ерлинг Халанд во финишот на мечот, а потоа се изнервира и Габриел од Арсенал, но на крајот „отровни стрели“ испрати Бернардо Силва.

„Разликата меѓу ривалството со Арсенал и Ливерпул? Можеби тоа што Ливерпул ја освои Премиерлигата и Лигата на шампиони, а Арсенал не успеа. Исто така, Ливерпул секогаш игра за да нè победи“, кажа Силва.

По пет одиграни кола, Манчестер сити е лидер со 13 бодови, по што следат Ливерпул и Астон вила со по 12, Арсенал има 11, додека Челси е петти со 10 бода.