Симеоне го понижи Јамал пред сите: Тоа што го направи по третиот гол ја зачуди Барселона (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Атлетико Мадрид ја прегази Барселона во првиот меч од полуфиналето на Кралскиот Куп. Дијего Симеоне дополнително ја разгоре атмосферата со потегот спрема Ламин Јамал. Одлуката на ВАР по осум минути само долеа масло на огнот.

Дијего Симеоне не пропушти можност да го подсмее младиот Ламин Јамал за време на убедливата победа на Атлетико Мадрид над Барселона со резултат 4:0 во првиот меч од полуфиналето на Кралскиот Куп.

Аргентинскиот стратег по голот што го постигна Адемола Лукман за 3:0 ги подигна трите прсти спрема 18-годишникот.

И продолжи да слави трчајќи по аут линијата во првото полувреме кое целосно му припадна на домаќинот.

Атлетико ја наполни мрежата на Барселона уште до паузата. Ваков резултат практично ги стави на чекор до финалето.

Во финалето ќе играат против победникот од дуелот меѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао. Освен ако Барселона не направи вистинско мало чудо во реваншот наредниот месец.

.