Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Екипата на Ливерпул претрпе шокантен пораз од Атлетико Мадрид пред своите гледачи и со тоа го заврши натпреварувањето во Лигата на шампионите.
„Црвените“ до крајот на сезоната ќе останат да се борат само на еден фронт, Премиер лигата, каде веќе си ја обезбедија титулата.
Избраниците на Јирген Клоп по регуларните 90. минути славеа со 1:0, па натпреварот замина во продолженија.
На самиот старт на првото продолженија Роберто Фирмино ја затресе мрежата на Облак и зголеми на 2:0. Тогаш многумина мислеа дека Ливерпул лесно ќе ги доодработи последните 25 минути и ќе се пласира во следната фаза.
Сепак, по само три минути на сцена стапи Маркос Љоренте кој најпрво намали на 2:1 и постави резултат кој го носи Атлетико во следната фаза. Истиот играч пред крајот на продолжението погоди и за 2:2 и за целосно замолкнување на „Енфилд“.
„Црвените“ ги дотолчи Алваро Мората кој постигна погодок за победа на Атлетико Мадрид и пласман во следната фаза од најелитното европско натпреварување.