Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Атлетико Мадрид испадна од европските натпреварувања, откако го освои последното место во групната фаза од Лигата на шампиони (ЛШ), па така остана и без место во Лига Европа на пролет.
Екипата на Диего Симеоне се соочува со сериозни проблеми, а елиминацијата од европските купови ќе предизвика и голема финансиска загуба, па затоа Атлетико Мадрид нема друг избор освен да продава дел од своите фудбалери.
Шпански „АС“ објави дека шест фудбалери ќе си заминат уште во јануари, а на списокот за „отстрел“ од Мадрид се Караско, Де Паул, Лемар, Ермосо, Жоао Феликс и Куња, кои треба да донесат доволно пари во буџетот за да се надмине кризата.