Симеоне не треба да се грижи: Не е важно местото на табелата, УЕФА ќе го покани Атлетико во ЛШ?


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Ставот на УЕФА е јасен, па можеше да се слушне и на досегашните состаноци, а сигурно ќе биде повторен и на следниот состанок со националнит сојузи закажан за 21 април. Тоа е натпреварувањта да продолжат и да завршат на теренот.

Шпанците губат многу пари, но поради хаосот од пандемијата мора да ја разгледаат и можноста да го откажат првенството. Во таков случај, шпанскиот фудбалски сојуз би објавил дека моменталната состојба на табелата е конечна.

Меѓутоа, иако Атлетико Мадрид е на шестата позиција, би можел да добие повик за настап во Лигата на шампиони. Новинарот Хуан Антонио Алкала кажа дека УЕФА си оставила за право во случај на откажување на сезона да нуди позиции во елитното натпреварување.

Критериумот за таквиот став на УЕФА е важноста на Атлетико за европскиот фудбал во ерата на Симеоне, односно две финалиња и тим кој го урна актуелниот шампион Ливерпул.