Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Арсенал по 20 години се пласираа во финалето на Лигата на шампиони, а камерите го забележаа моментот кога Микел Артета го направи тоа по последниот свиреж од судијата во натпреварот против Атлетико Мадрид.
Арсенал успеа да го победи Атлетико Мадрид во двомечот од полуфиналето на Лигата на шампиони и за прв пат од 2006 година се пласираше во финале.
Првиот натпревар на овие два тима кој се одигра во Мадрид заврши нерешено 1:1, а синоќа Арсенал пред своите навивачи ги победи „Јорганџиите“ со 1:0, што беше доволно за да се пласира понатаму.
Херојот на Арсенал беше Букајо Сака кој во завршницата на првото полувреме го постигна единствениот гол на натпреварот, вреден за финалето на Лигата на шампиони.
Откако судијата свирна крај на натпреварот, Диего Симеоне влезе на теренот да ги поздрави своите играчи, но неговото внимание го украде Микел Артета.
Артета со еуфорија ја прослави големата победа и пласманот во финале, но потоа знаеше што треба да направи.
Тренерот на Арсенал побрза до Симеоне за да му подаде рака, а камерата го сними нивниот заистина одличен момент.
Микел Артета трча на теренот по Диего Симеоне на крајот од натпреварот за да му подаде рака… ❤️😅 https://t.co/1CIx6SE6MM
— DailyAFC (@DailyAFC) May 5, 2026















