Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Атлетико Мадрид ова лето одработи одлична работа кога се во прашање заминувањата и доаѓањата на фудбалери, но се чини дека сеуште не е дојден крајот.
Иако на сите начини пробаа да го доведат Џејмс Родригез и траснферот беше многу близу до реализација, пропадна во последен момент.
Сепак, многу брзо од Атлетико Мадрид пронајдоа нова мета, а тоа е напаѓачот на Валенсија, Родриго Морено кој набрзо би требало да премине во Атлетико.
Како што пишуаат шпансите медиуми, Атлетико е првиот кандидат за доведување на овој одличен напаѓач кој минатата сезона одигра одлично.
Тој во изминатата сезона постигна 15 голови и запиша десет асистенции, а ако се земе во обзир дека игра во Валенсија, тоа е многу добар учинок.
Ова би требало да биде последен трансфер на Атлетико за ова лето, а за напаѓачот на Валенсија би платиле 60 милиони евра.