Симулирањето на Давид Луиз заврши на интернет: Треба уште многу да вежба…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Челзи вчеравечер ремизираа против Барнли со резултат од 2:2 во 35. коло од Премиер лигата, а на интеренет се рашири многу интересно видео од тој натпревар.

Во центарот на вниманието е стоперот Давид Луиз кој проба да „изведе“ еден прекршок на средината на фудбалскиот терен, но тоа не му се оствари.

Луис падна после контактот со гостинскиот напаѓач Крис Вуд, но кога забележа дека сите забележаа дека тој симулира, веднаш стана и ја подаде топката на својот соиграч.

Неговиот пад стана предмет на исмејување на социјалните мрежи.