Синер ќе го памети неочекуваниот пораз од Бублик на турнирот во Хале


Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Неочекуван пресврт на АТП турнирот во Хале! Јаник Синер, водечкиот тенисер на светот и актуелен шампион на овој турнир, беше елиминиран во второто коло од Казахстанецот Александар Бублик. Синер имаше добар старт, но резултатот заврши 2-1 во корист на Бублик, со сетови: 6-3, 3-6, 4-6.

Италијанецот го започна натпреварот силно и за само 26 минути успеа да го освои првиот сет со убедливи 6-3. Се чинеше дека Синер ќе триумфира без проблеми. Сепак, Бублик направи изненадувачки пресврт, вклучувајќи агресивна и инспирирана игра, што му донесе победа во вториот сет со 6-3, а потоа и во решавачкиот трет сет со 6-4.

Оваа загуба е значајна бидејќи Синер долги години немаше претпевено пораз од тенисер надвор од Топ 20. Последен пат беше победен од ваков ривал пред 673 дена, кога се соочи со пораз од Душан Лајовиќ на Мастерсот во Синсинати.

Фото: Grok AI