Синер денес игра за трофејот кој го нема и првото место на АТП листата на седум дена


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во финалето на АТП мастерсот од серијата 1.000 денес од 15 часот ќе играат вториот тенисер во светот Јаник Синер и Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, кој е 10. играч на планетата.

Италијанецот е апсолутен фаворит, повторно стигна до својата најдобра форма, кога може да го загрози само Карлос Алкараз, а во ова финале ќе има голем мотив.

Париз е еден од големите турнири кои Синер никогаш не ги освоил (не го освоил ни Алкараз), а на коцка е и враќањето на првото местото на АТП листата.

Синер првата позиција му ја отстапи на Алкараз по поразот од него во финалето на УС open, а сега може да се врати на тронот, и тоа само на седум дена.

Синеру титулата во Париз би му донела предност од 250 поени во однос на Шпанецот, но следната недела започнува Завршниот мастерс во Торино, на кој Италијанецот го брани трофејот и дури 1.500 поени.

Поените за Торино се бришат на денот на почетокот на турнирот, па Алкараз во тој случај би имал 1.050 поени повеќе од Синер.

Одлуката за тоа кој ќе ја заврши годината како “број 1” секако ќе падне во Торино, а сè ќе зависи од Алкараз, кому ќе му бидат доволни само три победи во групата или две победи во групата и пласман во финалето, за да го обезбеди статусот.