Синер го спореди Ѓоковиќ со Роналдо


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Италијанскиот тенисер Јаник Синер зборуваше на различни теми во професионалниот спорт.

Во низа кратки прашања во интервјуто за „Есквајер“, една од темите беа и неуспесите, во кои првиот рекет на светот не гледа ништо друго освен можност да се научи нешто.

Особено Синер се потсети на тие во дуелите со Новак Ѓоковиќ.

„Мислам дека во тие мечеви или победуваш или учиш. Јас често губев од Ѓоковиќ и од тоа многу научив,” рече Синер.

Синер се обиде да направи паралела со фудбалот.

„Во фудбалот можете да играте против Роналдо и да сфатите дека треба подобро да се подготвите следниот пат. Но, кога ќе биде тоа? Во тенисот имаме повеќе шанси да се искупиме“, заклучи Синер.