Синер го загуби првиот натпревар во 2024 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тенисер Јаник Синер го запиша првиот пораз оваа сезона, откако загуби во конкуренција на двојки на Мастерсот во Индијан Велс.

Синер заедно со Лоренцо Сонего не можеа да пронајдат решение за расположените Марсело Гранољерс и Орасио Себаљос (6-7 и 3-6).

Талентираниот тенисер од Италија ќе го продолжи натпреварувањето на Индијан Велс во сингл-конкуренција, каде што го чека дуел против Бен Шелфтон.