Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ не успеа да дојде до шансата да се бори за 25-та гренд слем титула. Во полуфиналето изгуби од Јаник Синер (6:3, 6:3, 6:4).
За жал, проблемите со повредата го спречија да го даде максимумот, не можеше добро да се движи ниту да го покаже она што го знае и умее. На крајот на мечот имаше и краток разговор на мрежата со Италијанецот, откри и за што станува збор.
„Се извини затоа што јас се чувствував лошо на натпреварот. Нема за што навистина да се извинува. Тој одработи навистина добра работа на натпреварот, а во последната година и пол игра најдобар тенис во светот. Ќе има шанса да ја освои првата титула на Вимблдон и му посакувам среќа. Тоа ќе биде неговото прво финале овде и сигурен сум дека ќе биде одлучен. По онаквото финале во Париз сигурно сите едвај чекаат финалето. Дефинитивно се неколку нивоа над сите останати во моментот”, искрен е Ѓоковиќ.
Фото: Grok AI