Синер: Навивам за Милан, но добро е и ако Интер ја освои ЛШ


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Уште една голема сличност со Новак Ѓоковиќ. Освен во начинот на игра, освен во одличните резултати, двајцата навиваат за ист фудбалски клуб. Разликата е што за еден тоа е интернационална симпатија, а за другиот национална.

– Зошто ме ставате во непријатна ситуација, кога сите знаете дека навивам за Милан – се насмевна најдобриот тенисер на светот на прашањето на новинарот од „Убитениса“ за кого ќе навива во саботата на финалето на Лигата на шампионите. На финалето ќе се сретнат Интер и Пари Сен Жермен.

На синоќешната победа на Синер во првото коло на Ролан Гарос против Французинот Риндеркнеш, присуствуваше и Џанлуиџи Донарума, голманот на францускиот шампион.

– Ако италијанскиот тим победи, ќе биде убаво. Но, и ако победи тимот на Донарума, исто така ќе биде убаво – се обиде Синер да се снајде. Тој е од северна Италија, недалеку од границата со Австрија, а Милано не е далеку. – Донарума ми е пријател и кога го видов на стадионот, беше прекрасно. Сега сме двајцата многу фокусирани на предизвиците што ни претстојат, но секогаш си даваме поддршка еден на друг.

Фото: Grok AI