Синер по поразот од Алкараз: Бев многу предвидлив

Карлос Алкараз ја прекина серијата од 19 победи на Јаник Синер, откако го совлада во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс.

Синер пропушти шанса да освои нови бодови и да го преземе второто место на АТП-листата, а по мечот зборуваше за случувањата на теренот.

„Нема долго да размислувам за оваа серија. Беше убаво додека победував, тешко е кога ќе завршиш вака, но веќе со мислите сум во Мајами. Никогаш не е лесно против Карлос, се обидов да му дадам поголем отпор, но тој играше на повисоко ниво. Јас бев премногу предвидлив на теренот“, кажа Синер.