Синер пресреќен: Заедно го скршивме Ѓоковиќ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанецот Јаник Синер славеше против Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови (7-5, 6-7 и 7-6) на завршниот турнир во Торино.

Синер по натпреварот кажа дека е пресреќен за победата, а немало да дојде до истата без поддршка од трибините.

„Нема подобро место да го победиме најдобриот во свет. Успеав да ги одигран најважните поени на мечот. Атмосферата беше неверојатна и ми помогна. Публиката ми помогна. Кога ќе се земат во предвид сите околности, да се игра во Торино против најдобриот тенисер во светот, кој има освоено 24 гренслем-титули, во таква атмосфера, тоа е врвот“, вели Синер.