До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во осмина-финалето на турнирот во Мајами, откако синоќа го победи 33. играч во светот, Французинот Корантен Муте, по два сета, 6:1, 6:4 и стана првиот играч што освоил 26 последователни сета во историјата на мастерс турнирите.
Второпласираниот играч во светот победи по 71 минута. Три пати го освои сервисот на противникот, кој не направи ниту еден брејк.
Синер така освои 26 последователни сета на мастерси и го надмина српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој го држеше рекордот со 24.
Италијанецот со победата минатиот круг го изедначи рекордот на Ѓоковиќ, а сега се издвои на врвот. Зад него останаа Шпанецот Карлос Алкарас (21), повторно Ѓоковиќ (19) и Британецот Енди Мареј (18).
“Многу сум среќен. Овој спорт е непредвидлив и постојано се обидуваме да ја задржиме концентрацијата колку што можеме, ќе видиме што ќе се случи во следниот круг”, рече Синер. Неговата серија започна минатиот ноември на мастерсот во Париз. Синер во осмина-финалето ќе игра против Американецот Алекса Микелсена.















