Синер се сретна со папата и му даде подарок (Видео)


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Ватикан соопшти дека папата Лав XIV го угостил првиот тенисер на светот Италијанецот Јаник Синер, кој му подарил тениски рекет и му понудил да одиграат меч.

Лав XIV, првиот Американец на чело на Римокатоличката црква, е голем љубител и активен играч на тенис.

Папата оваа недела изјави дека би бил подготвен да учествува на хуманитарен тениски меч и во шега рече: “Но, не можеме да го повикаме Синер” – алудирајќи на значењето на неговото презиме на англиски: грешник.

Синер, по средбата на слободен ден на мастерсот во Рим, изјави дека е добро за тенисерите што папата го сака овој спорт.

Италијанскиот тенисер на мастерсот во Рим во четвртфиналето во четврток ја чека пресметката со подобриот од мечот Каспер Руд и Мунара.

Синер се обидува да стане првиот Италијанец кој освоил титула во Рим уште од Адриано Паната во 1976 година.

Фото: Принтскрин