Синот на Диего Симеоне ќе му биде колега на Елмас


Роналдо нека се пази, Мароко гази - 19 ден ↓↓↓



Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас наскоро ќе добие ново друштво во Наполи, откако неговиот тим тргна по услугите на напаѓачот на Верона, Џовани Симеоне.

Џовани е син на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, а познатиот спортски новинар Фабрицио Романо објави дека наскоро ќе биде реализиран трансферот на напаѓачот.

Симеоне треба да игра на позајмица во Наполи следната година, по што екипата на Елмас ќе има можност да го откупи неговиот договор за 12 милиони евра на крајот на сезоната.