Синот на Марадона: Никој не го заслужи трофејот повеќе од Меси!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лионел Меси конечно го освои трофејот на Мундијалот во Катар по победата на Аргентина над Франција на пенали (4-2).

Синот на легендарниот Диего марадона е среќен што Аргентина го освои првенството и му честиташе на Меис.

„Аргентина е светски првак. Честитки до Меси затоа што никој не го заслужи трофејот повеќе од него. Честитки за нашиот народ и нашата земја. Татко ми слави со нас во рајот“, напиша Диего Марадона јуниор.

„Гаучосите“ по третпат го освоија Мундијалот, откако претходно беа најдобри во светот во 1978 и 1986 година.