Синот на Предраг Стојаковиќ не сака да игра за Србија!?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Андреј Стојаковиќ, синот на легендарниот Пеѓа Стојаковиќ, ќе учествува на „Ол-Американ“ натпревар, а претходно кажа дека ќе ги претставува Грција и Сакраменто.

Оваа изјава нема да ѝ се допадне на српската јавност бидејќи Стојаковиќ очигледно не планира да игра за државата на татко му, туку ќе го облече дресот на нашиот јужен сосед од каде што потекнува мајка му.

„Возбуден сум што ќе ги претставувам Сакраменто и Грција“, кажа младиот Стојаковиќ.

Андреј е роден во Солун, Грција, а порасна во Америка. Тој е висок 201 сантиметар и може да игра на позициите бек и крило.