Синот на вториот највисок НБА-кошаркар ќе се појави на драфтот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синот на починатиот Мануте Бол, Бол Бол ќе се пријави на наредниот НБА-драфт. Се очекува младиот центар да биде избран во првата рунда, со оглед на тоа што многу тимови го следат и во него гледаат голем потенцијал.

Бол не играше премногу на Орегон поради сериозни проблеми со повреди, но се очекува некој НБА-тим да му даде шанса и покрај тоа.

Младиот Бол е висок 218 см и тежок околу 107 кг, но за својот калибар има многу добар шут.

Неговиот татко е втор највисок кошаркар (231см), кој заиграл во НБА-лигата. Иако немал многу големи кошаркарски вештини, сепак доминирал во дефанзивната игра.

Се паметат неговите 11 блокади за едно полувреме и четири во еден напад. Играл за Вашингтон, Голден Стејт и Мајами, а неговата кариера во НБА траела од 1985 до 1995 година.