„Сисоко и Жоао Марио се интересни играчи“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на милански Интер, Франк де Бур, изјави дека е заинтересиран за во својот клуб да ги доведе играчот за врска на Њукасл Сисоко и Жоао Марио.

Де Бур така ги потврди пишувањата на италијанските медиуми кои наведуваа дека Интер сака во своите редови да ги види овие двајца играчи.

„Потребен ни е силен тим. Можно е за средниот ред за сеуште не е комплетен во овој момент. Будно ќе следиме што ќе се случува во текот на преодниот рок. Жоао Марио и Сисоко се многу интересни играчи“, рече Де Бур.

Медиумите пишуваа дека од тимот ќе испадне хрватскиот интернационалец Марсело Брозовиќ доколку Жоао Марио дојде, но Холанѓанецот на тоа не гледа на тој начин.

„Брозовиќ и Жоао Марио се одлични играчи и би било најдобро да ги имаме двајцата во екипата. Сепак, ќе мораме да сочекаме и да видиме што ќе донесат наредните неколку дена. Сакаме да доминираме и во секој меч да правиме многу разлика. Тоа е она што секогаш го очекувам од својот тим“.