Сите мислеа дека Иниеста ќе ја заврши кариерата, а тој го продолжи договорот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот шпански фудбалер Андрес Иниеста денеска е во центар на внимание на светската јавност затоа што одржа прес-конференција на која многумина помислија дека ќе објави крај на кариерата, но тоа не се случи.

Иниеста го слави својот 37. Роденден и на крајот на сезонава требаше да му заврши договорот со јапонски Висел Кобе, но тој денеска ја продолжи соработката и кажа дека уште не сака да замине во пензија.

Поранешниот фудбалер на Барселона го продолжи договорот со Висел Кобе на уште две години и најверојатно таму и ќе ја заврши фудбалската кариера, освен ако не се случи нешто неочекувано.