Сите очекуваа пензија, но Маикон се врати во Европа!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Даглас Маикон, поранешниот дефанзивец на Монако, Интер, Манчестер сити и Рома, реши да се врати во Европа.

Уште во 2016 година Маикон ја напушти Европа и се пресели во Бразил, но четири години подоцна се враќа и потпиша за екипа од четвртата италијанска лига.

Неговиот нов клуб се вика Сона и овој 39-годишен фудбалер нема намера да се откаже од европскиот фудбал, иако многумина сметаа дека ќе ја заврши кариерата.

Неговата кариера е успешна затоа што шест години години беше во Интер, а потоа настапуваше за Монако, Манчестер сити и Рома.

Може да се пофали со трофеи во Лигата на шампиони, трофејот во Серија А, во италијанскиот Куп и Суперкуп, а со Бразил освои две титули во Копа Америка.