Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Патрис Евра ја критикуваше управата на клубот.
Алексис Санчез во почетокот на 2018 година од Арсенал премина во Манчестер Јунајтед и стана еден од најплатените играчи во Англија.
Од Чилеанецот во Театарот од соништата се очекуваше многу, но тоа беше тотално лоша проценка и најверојатно на крајот на оваа сезона ќе го напушти Манчестер Јунајтед. Алексис оваа сезона не играше на многу натпревари поради повредите, а кога беше на теренот тој не покажуваше ништо посебно.
Тоа што најмногу ги нервира навивачите на Црвените Ѓаволи е фактот што тој неделно заработува дури 500.000 фунти и со тоа е еден од најплатените играчи во Англија. Без разлика на тоа што стигна како „големо засилување“, тоа не успеа да го оправда.
Дури сега се знае дека Јунајтед ќе направи се за да го продаде Алексис ова лето и да го олесни буџетот за новите играчи. Поради Алексис се јави и поранешниот играч на овој тим Патрис Евра кој жестоко ја критикуваше управата на клубот.
„Некои играчи доаѓаат само заради парите и не ми е страв да го кажам тоа. Тоа сите го знаат, но никој не смее јавно да го каже. Немам ништо против него, но кога видов колку пари заработува на годишно ниво, сфатив дека тоа не е Јунајтед кој го познаваме сите“
„Можеше да ја прифати понудата на Манчестер Сити кој нудеше помалку пари и со тоа би играл многу подобар фудбал од ова што се случува во Јунајтед. Жалам но Сити навистина игра многу подобар фудбал поради Пеп Гардиола. Сакам да знам зошто го одбра Јунајтед, и немојте да ми кажете дека го сака овој клуб уште од дете. Тој е во Манчестер поради парите или поради титулата што ја доби и го зема дресот број 7 со што би бил звезда“, рече Евра.