Сити договори неверојатна размена: Пристигнува големо засилување од Спортинг, „Граѓанинот“ пак, ќе замине во спротивна насока…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Како што пренесуваат португалските медиуми, Манчестер Сити го договорил трансферот на португалскиот репрезентативец, Бруно Фернандеш во своите редови.

Фантастичниот играч за врска на лисабонски Спортинг долго важеше за мета на Манчестер Јунајтед, но Сити итро реагираше, Гвардиола објави состанок со Уго Вијано и агентот Жорж Мендеш и изгледа дека пронајдоа заеднички јазик.

Цената е 50 милиони евра, а Сити во спротивен правец ќе го испрати и напаѓачот Марлос Морено кој оваа сезона игра на позајмица во Сантос Лагуна.

Овие два трансфера како што се наведува ќе бидат издвоени, но јасно е дека се поврзани, кога се ќе се собере и одземе, Сити за португалскиот играч за врска ќе плати 47 милиони евра, бидејќи Спортинг е обврзан да плати 3 милиони евра на име на трансферот на Морено во своите редови.

Бруно Фернандеш ја игра сезоната од соништата за лисабонските „Лавови“, постигна 28 погодоци и запиша 16 асистенции, што е импозантен учинок за играчот за врска.

Остана двете страни да ги разработат деталите околу преминувањето на Морено во редовите на тимот од португалската престолнина. „Граѓаните“ бараат 35-50% од следниот трансфер на колумбискиот напаѓач, но Спортинг нуди 15-20% од евентуалната продажба на Морено.

Делува сепак дека двете страни наскоро ќе се договорат и дека обата трансфери ќе бидат реализирани.