Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Легендарниот фудбалски стратег Фабио Капело истакна дека го променил мислењето за фаворит за освојување на Лигата на шампионите.
Тој претходно зборуваше дека Манчестер Сити е најблиску до титулата европски шампион, но сега наведе дека тимот на Пеп Гвардиола изгледа уморно.
„Барселона е еден од фаворитите, таа има се што е неопхдоно за да освои трофеј. Ми се допаѓа како ги предводи Ернесто Валверде. Не ми е досадно да ги гледам“, истакна Капело.
Посочи и дека Јувентус може рамноправно да се вклучи во трката.
„Со пристигнувањето на Крситијано Роналдо, Јувентус стана еден од фаворитите. Видливо е колку сакаат да го освојат трофејот“, истакна Капело.
Потоа го објасни и својот „тек на мислите“.
„На стартот на сезоната го избрав Сири. Не ми се допаѓа како одиграа во поразот од Тотенхем. Изгледаат уморно“, наведе Капело.