Сити го прави Стоунс најскап дефанзивец во светот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Изгледа дека се е завршено и Џон Стоунс набрзо ќе стане нов член на Манчестер Сити.

Според пишувањето на англиските медиуми, Стоунс го договори неговиот трансфер од Евертон и ќе биде големо засилување “Граѓаните”.

Стоунс одлучи да го напушти “Гудисон Парк”, а голем интерес за преспективниот млад дефанзивец покажаа Сити, Јунајтед и Челси, но изгледа дека во трката победа клубот од “Итихад”.

Трансферот би требало да биде реалзиран до крајот на неделата, а 22 годишниот фудбалер најверојатно ќе стане најскапиот одбранбен фудбалер во историјата на фудбалот.

До сега рекордот го држеше Давид Луиз, за кого ПСЖ плати 53 милиони фунти. Сити го сакаше и Леонардо Бонучи, но Јувентус не сакаше ниту да преговара.