Сити убедлив против Стоук


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Второ коло, втора победа на Гвардиола на клупата на Манчестер Сити, овој пат против Стоук.

Првиот гол беше постигнат во 27мата минута кога Шокрос направи фаул во казнетиот простов врз Отаменди и Агуеро имаше задача да шутира од белата точка. Прецизен беше секако и тоа со одличен упатен удар кон голот на Гивен. После неполни 10 минути од прекин повторно Де Брујн ја нафрли топката во шеснаесетникот каде Агуеро со глава ја заби во голот на Гивен за водство од 2:0.

Стоук намали во 49тата минута со гол на Бојан Кркиќ од „непостоечки„ пенал.

 

Нолито, новото засилување стрелаше во 86ата минута за 1:3 но овде не беше крајот.

5 минути после судиското надополнување мрежата на Гивен беше повторно затресена, повторно Нолито, за конечни 1:4.

Стоук беше посрамотен пред скоро 28.000 гледачи на својот стадион.

Следниот натпревар Сити го игра со Вест Хем на 28ми, а Стоук гостува кај Евертон ден пред тоа.