Сити води во трката за Калиду Кулибали


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сан“ пренесува дека Ливерпул не е тимот кој води во трката за потписот на Калиду Кулибали тукудека тоа е Манчестер Сити.

Веќе одреден период се пишува дека Ливерпул е сериозно заинтересиран за искусниот стопер, меѓутоа „Сан“ пренесува дека Сити во моментов е во предност во оваа трансфер битка.

За играчот на Наполи долго време се интересираше и Манчестер Јунајтед, меѓутоа „ѓаволите“ веројатно ќе се откажат од намерата да го ангажираат 29 годишниот стопер.

За неговите услуги Аурелио Де Лаурентис бара сума од 100 милиони евра и како што пренесуваат медиумите во моментов не е подготвен да ја намали истата.