„Скај Спортс“ откри каде ќе ја продолжи кариерата Матијас де Лихт


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Младиот стопер Матијас де Лихт по одличните настапи во дресот на Ајакс се наоѓа на мета на многу европски гиганти.

Де Лихт има само 19 години, но и покрај тоа успеа да стигне до капитенската лента на тимот од Амстердам, па привлече интерес од Барселона, Баерн Минхен…

Сепак, „Скај Спортс“ пишува дека Де Лихт донел конечна одлука, па ќе потпише за Барселона и официјално трансферот ќе биде потврден во наредните неколку дена.

Каталонците веќе долго време преговараат за потписот на Де Лихт, па останува да средат уште некои детали, додека Ајакс нема да му прави проблем на младиот стопер да замине од Амстердам.

Тоа значи дека најголеми шанси Де Лихт има да се пресели кај неговиот пријател Френки де Јонг, кој прд неколку месеци потпиша за Барселона.