Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според сознанијата на овој медиумски гигант причината е Арсен Венгер, поточно неговото разбирање за фудбалот.
Одлуката на Варди да не премине во Арсенал е резултат на сомнеж.
Имено, 29-годишниот англиски напаѓач не се гледа себеси во екипата на Топџиите бидејќи смета дека нема лесно да му легне стилот на игра на Арсен Венгер.
Општо е познато дека Арсенал во ерата на Професорот игра фудбал кој се базира на посед, што е дијаметрално спротивно од Лестер на Раниери, каде што главен акцент беше контранападот и каде што Варди беше “како риба во вода“.
„Скај Спортс“ додаде дека Варди дефитивно се решил после разговорот со својот агент кој го посети во кампот на репрезентацијата после мечот од последното коло од групната фаза на ЕП, каде што Англија ремизираше со Словачка без голови.