Скај Спортс – Понудата на Челси од 40 милиони е прифатена!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси испрати понуда од 40 милиони евра за белгискиот напаѓач, медиумите пренесуваат дека таа е прифатена.

Антонио Конте кој ќе го превземи Челси официјално одма после завршувањерто на ЕП во фудбал, заврши една голема работа во овој момент.

Се работи за доведување на напаѓач од Марсеј, Мичу Бачуаји, 21-годишниот белгиски репрезентативедц кој беше најдобар играч на клубот од југот на Франција во претходната сезона.

Бачуаји е на мета на најголемите клубови на светот, но покрај Челси најголема желба да го доведе покажа Тотенхем.

Сепак, Челси испрати понуда која Марсеј не можеше да ја одбие, таа изнесуваше 40 милиони евра, а Бачуаји најверојатно ќе потпише петгодишен договор со екипата од Лондон.

Бачуају во Марсеј стигна од Стандард од Лиеж, а во претходната сезона постигна 23 гола за екипата од Велодром.