„Скај Спортс“ потврдува: Реал Мадрид го донесе првото големо засилување за летниот преоден рок


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобро упатениот медиум кога станува збор за трансферите, „Скај Спортс“ пренесува дека Реал Мадрид го реализирал првото големо засилување за летниот преоден рок.

„Кралевите“ го комплетирале трансферот на Лука Јовиќ кој ќе пристигне од редовите на Ајнтрахт Франкфург за сума од 60 милиони евра.

21 годишниот српски интернационалец ставил потпис на петгодишен договор со Реал Мадрид според кој ќе заработува по 10 милиони евра годишно.

За Лука Јовиќ постоеше огромен интерес од гигантите ширум Европа по неверојатната сезона во Ајнтрахт Франкфурт. Освен Реал Мадрид, најсериозни кандидати за неговиот потпис беа Барселона и Баерн Минхен кои не успеаја да ја добијат битката со гигантот од главниот град на Шпанија.