Скај Спортс: Реал тргна по Стерлинг, нуди 70 милиони фунти и Бејл!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што најавува Скај Спортс, Реал Мадрид одлучиле да пробаат да го доведат Рахим Стерлинг.

Ќе биде доста интересно да видиме дали Реал ќе успее да го доведе Рахим Стерлинг, кој ќе игра десно, а Еден Азар лево. Тоа би биле неверојатни крила, но најпрво Реал мора да ги убеди Манчестер Сити да го продадат својот најдобар играч.

Наводно претставниците на Реал одлучиле да го следат Стерлинг во дресот на Англија против Косово, а потоа ќе започнат и со припрема на понудата.

Таа, како што се наведува, најверојатно ќе изнесува 70 милиони фунти, а покрај тоа Реал на Сити ќе им го понуди својот крилен играч, Герет Бејл, кој им ствара проблеми на Кралевите во последно време.

Летово се сретнаа претставниците на Стерлинг со генералниот директор на Реал – Хосе Анџело Санчез, но обидот Англичанецот да дојде во Мадрид беше неуспешен.

Меѓутоа, најверојатно, ниту Пеп Гардиола ниту било кој друг во Сити не планира да го доведе Бејл, а вредноста на Стерлинг се проценува на околу 150 милиони фунти.

Флорентино Перез сака да донесе уште една звезда во Реал, а тоа ќе биде или Стерлинг или Килијан Мбапе, кој воедно би бил на некој начин замена за Кристијано Роналдо, чие отсутсво почна да се чуствува во тимот кога замина во Јувентус.