Скандал: Чеферин со фалсификат стигнал на чело на УЕФА!?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Неколку словенечки медуми пишуваат дека претседателот на Европската куќа на фудбалот, Александар Чеферин фалсификувал податоци во биографијата за да може да се кандидира за претседател на УЕФА и да ја преземе таа позиција.

Порталот „Права“ објави дека Чеферин ги лажирал податоците во биографијата за тоа кога бил член на бордот на фудбалскиот тим Олимпија од Љубљана.

Медиумот пишува дека Чеферин морал да ги фалсификува податоците бидејќи му бил неопходен стаж за да може да се кандидира на претседателските избори во УЕФА во 2016 година.

„Права“ обвинува дека Чеферин лажирал дека бил член на управниот одбор на Олимпија од 2006 до 2011 година. Од порталот тврдат дека добиле записник од екипата за периодот и не можеле никаде да го пронајдат името на претседателот на УЕФА, па затоа побараа итна истрага за случајот.

Чеферин неодамна го доби и третиот мандат на чело на УЕФА и ќе остане претседател до 2027 година.