Скандал каков што не се памети! Го провоцираа Невес скандирајќи го името на починатиот Жота, а потоа... (Видео)

Непријатни и крајно неумесни сцени беа видени во Саудиската Про Лига, каде што еден дел од навивачите на Ал Таавун се обидоа да го испровоцираат играчот од средниот ред на Ал Хилал, Рубен Невес, скандирајќи го името на неговиот починат пријател и поранешен соиграч Диого Жота.

За време на натпреварот, навивачите на домаќинот Ал Таавун почнаа да скандираат „Жота! Жота! Жота!“ во насока на Невес, очигледно свесни колку беше близок Португалецот со трагично загинатиот фудбалер на Ливерпул.

Инцидентот бргу прерасна во една од главните приказни по завршувањето на натпреварот.

Невес не можеше да поверува на тоа што го слушна. Португалецот во еден момент покажа кон небото, а потоа кон трибините, јасно давајќи до знаење дека Јота сѐ гледа и нивното однесување не помина незабележано.

Денешниот инцидент што се случи во Саудиска Арабија:

Навивачите на Ал Таавун му го скандираа името на починатиот Јота за да го испровоцираат Рубен Невес. Двајцата фудбалери беа блиски пријатели.

По натпреварот, Рубен Невес: „Се надевам дека тие што го правеа ова не одат на молитва.“pic.twitter.com/pPmBHx7ZYR— FutbolArena (@futbolarena) 12 септември 2026