Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот тенисер Беноа Пер не знае да запре со неговите глупости и во јавноста постојано се појавува со контроверзни изјави кои ги лутат љубителите на тенисот.
Пер загуби во првото коло на АТП-турнирот во Акапулко од Стефанос Циципас, па потоа кажа дека намерно го направил тоа.
„Изгубив во првото коло и се чувстувам подобро. Полесно ми е кога ќе испаднам од турнирот порано, тогаш можам да уживам неколку дена пред да одам во Мајами. Тенисот во овој момент не е мој приоритет. Доаѓам на турнир, заработувам пари и одам на друг турнир. Ако освоите турнир од АТП серијата 250 ќе добиете 30.000 долари. Јас добив 10.000 затоа што играв во првото коло. Зошто да се мачам за да заработам малку повеќе?“, изјави Пер.