Скандал на Светското првенство: Водителка во емисија го нападна Доку за раѓањето на дете, доби казна што ќе ја памети


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Француската спортска водителка Франс Пирсон е суспендирана од телевизиската програма за време на Светското првенство поради контроверзни коментари за одлуката на Џереми Доку да, доколку се совпаднат термините, присуствува на раѓањето на своето прво дете.

Нејзините изјави предизвикаа силна реакција во јавноста и ја претворија спортската дискусија во широка општествена полемика за улогата на семејството во кариерата на професионалните спортисти.

Пирсон во емисијата рече дека играњето на Светското првенство е „привилегија која многу никогаш не ја добиваат“, поставувајќи под прашање одлуката фудбалот да се стави пред семејниот момент, што предизвика бран критики.

Нејзиниот коментар дека „таткото нема посебна улога“ и дека е „само додаток“ предизвика најмногу критики, по што подоцна се извини и призна дека не сакала да ја намали улогата на татковците. Доку претходно јасно истакна дека семејството му е приоритет во случај на временско поклопување, додека се очекува неговата сопруга да роди на почетокот на јули, во клучниот дел од турнирот.