Скандал во Америка: НБА-ѕвезда доби лисици на раце на аеродром!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американските медиуми пишуваат дека кошаркарот на Минесота тимбервулвс, Торијан Принс бил уапсен на Флорида.

НБА-кошаркарот пред три месеци бил запрен поради рутинска сообраќајна контрола, а полицискиот службеник забележал дека му завршила регистрацијата на автомобилот.

Тоа се случи на територија на Тексас, па со дополнителна контрола биле пронајдени и два пиштоли и наркотици кои биле испратени на дополнителни тестирања.

Откако било откриено дека поседува марихуана и масло од канабис Принс бил уапсен на аеродром на Флорида, па сега следи испрашување од полицијата, по што ќе добие и казна.

Минесота во јуни потпиша нов двегодишен договор со Принс вреден 16 милиони долари.