Скандал во Италија: Јувентус освоил титула благодарение на судиите?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанските новинари ја објавија изјавата на бившиот шеф на обвинителството на Фудбалскиот сојуз на Италија, која се однесува на натпреварот меѓу Интер и Јувентус, кој го доби клубот од Торино со 2-3.

На мечот судијата Даниеле Орсато не му даде црвен картон на Миралем Пјаниќ по остар старт. Орсато, наводно, се консултирал со ВАР-собата, но репрезентативецот на Босна и Херцеговина помина неказнето.

Поранешниот прв човек на обвинителството, Џузепе даде оставка минатата година, по притисокот за истражување на ситуацијата. Главен проблем во целиот случај е недостатокот на аудио и видео материјал.

„Баравме аудио и видео материјал меѓу ВАР-собата и судијата Орсато, но материјали добивме на почетокот на следната сезона. Кога ја отворивме датотеката, имаше многу работи освен единствената важна работа, а тоа е разговорот меѓу Орсато и ВАР-судијата. Причина? Ми кажаа дека го немаат тој дел“, кажа тој.