Скаутите на Јунајтед беа на натпреварот на Италија и имаа што да видат


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Италија во понеделникот одигра квалификациски натпревар за ЕП на свој терен против Ерменија и славеше со резултат од 9:1.

Еден од играчите кој најмногу се покажа на овој натпревар е младиот Николо Заниоло кој постигна два погодоци и беше асистент на четвртиот погодок.

Играчот на Рома веќе некое време е на мета на многу клубови поради своите одлични игри, а според пишувањата на италијанските медиуми, скаутите на Манчестер Јунајтед го следеле и на натпреварот против Ерменија.

Моменталната цена за Заниоло е 40 милиони евра, но во извештаите се наведува дека римскиот клуб може за него да добие дури 80 милиони евра, а тоа би била одлична вест и за Интер кој според договорот треба да добие 15 проценти од сумата на наредниот трансфер за 20-годишниот фудбалер.

Волчицата ова лето го зема на позајмица Крис Смолинг од Манчестер Јунајтед. Најверојатно се многу задоволни од него и поради тоа сакаат да го откупат неговиот фудбалски картон, се наведува дека тој можно е да биде вклучен и во трансферот со Заниоло.