Скок на Алкараз на АТП листата, на Ѓоковиќ му се приближија ривалите


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Карлос Алкараз, по освоеното мастерс натпреварување во Рим, напредува за едно место и сега е втор тенисер во светот.

Алкараз има 8.850 поени на новата АТП листа, додека поразениот во финалето Јаник Синер е сѐ уште прв со 10.380 поени.

Германецот Александер Зверев се спушти од второ на трето место (7.285 поени), на четврто место е Тејлор Фриц (4.625), а петти е Џек Дрејпер (4.610).

Новак Ѓоковиќ и оваа недела се наоѓа на шестото место на АТП листата, овој пат со 4.080 поени, а многу блиску му се приближија Каспер Руд (3.905) и Лоренцо Мусети (3.860). Во Топ 10 се и Алекс де Минор (3.635) и Холгер Руне (3.440).