Скокот на Роналдо е колку на просечен НБА кошаркар, рекордер е Џордан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се уште се зборува за погодокот на Кристијано Роналдо и победата од 2:1 на Јувентус против Сампдорија.

Роналдо погоди со глава на нафрлувањето од Алекс Сандро, но претходно имал одраз од 71 сантиметар и неговиот скок е повторно главна тема на спортските медиуми.

Повторно покажа за каква атлета станува збор, а интерсен е фактот дека во воздух останал секунда и пол.

Последен пат сличен таков гол постигна во полуфиналето на ЕП во 2016. година против Велс. Споредувања се правени, тогаш се одразил пет сантиметри повеќе од синоќа, но во воздух останал “само” 0,85 секунди. Интересно, тогаш топката во мрежа влегла со брзина од 77,8 километри на час.

Најголем одраз во НБА лигата го остварил Мајкл Џордан, кој се одразил 122 центиметри од паркетот, а истото му успеало и на Дарел Грифит.

Ален Ајверсон своевремено имал одраз од 104 цм, а некои како Коби Брајант или Меџик Џонсон не можеле да остварат скок поголем од 90 центиметри.

Инаку, просечниот скок во НБА лигата е 71 центиметар.