Скола се сели во евролигаш: Вистина е, преговараме со два клуба!

Агентот на Луис Скола, еден од кошаркарите  кои воодушевуваа со настапите на Мундобаскетот, Клаудио Виланова потврди дека преговараат со двајца евролигашки клуба.

Станува збор за Реал Мадрид и италијанскиот гигант Олимпија Милано. Покрај тоа, Скола назад во Аргентина го бара и Бока јуниорс.

„Разговаравме со Реал Мадрид и Милано, како и со Бока. Луис сакаше да се врати дома, но тоа е комплицирано поради економски причини. Тие се единствената аргентинска екипа, која ме повика“, кажа Виланова.

Скола последен пат играше во Европа во 2007 година, а по таа сезона се пресели во НБА-лигата, а претходно девет години играше во шпанска Басконија.