Сколс нападна две ѕвезди на Јунајтед по поразот од Њукасл


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед загуби на гостувањето кај Њукасл на „Сент Џејмс парк“ со 0-1, а легендарниот Пол Сколс имаше критики за две ѕвезди на клубот.

Сколс нападна двајца фудбалери по поразот на „црвените ѓаволи“.

„Од што беше изненаден Рашфорд за замената? Не разбирам. За што мисли дека треба да е на теренот? Тој повеќе му штети на клубот отколку што помага. Бруно има голем квалитет, но вчера на која позиција играше? Никогаш не бил досега на таква позиција. Мислам дека тоа не е здраво за клубот. Ја руши формацијата и начинот на игра“, вели Сколс.