Сколс презадоволен: Јунајтед сега има играч како Де Бруине


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега е дефинитивно дека Манчестер Јунајтед ја направи вистинската работа со купување на Бруно Фернандеш.

Фернандес дојде од Спортинг оваа зима и веќе се наметна како лидер на Јунајтед. Фановите веруваат дека требало да биде купен порано, кога имало преговори, но трансферот се случи оваа зима.

Поранешниот легендарен играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, е воодушевен што гледа Фернандеш како игра.

“На крај имаме играч кој е во тој круг на најдобри играчи во лигата. Де Бруине е најдобар играч, но Фернандеш е дефинитивно на тоа ниво. Тој имаше многу добри натпревари, мислам дека требаше да го купиме и порано”, рече Сколс.

„Бруно дефинитивно го оживеа овој тим, сега сите сакаат да го гледаат Јунајтед затоа што изгледа подобро, побрзо и побезбедно“, додаде Сколс.

Интересно е што, менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер изјави неодамна дека Фернандеш го потсетува на Сколс и дека може да биде толку важен за Јунајтед, како што некогаш беше Сколс.