Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пол Сколс даде навистина интересен коментар во врска со освојувањето на клупското првенство од страна на Ливерпул.
„Црвените“ славеа против бразилскиот Фламенго и стигнаа до трофејот кој е само за престиж и многумина не го сфаќаат сериозно.
„Сакаш да го освоиш тоа кога веќе си таму, но никогаш не било нешто што очајнички посакуваш да го освоиш во кариерата. Некој да ме прашаше кои трофеи сум ги освоил низ годините, не би го спомнал и трофејот на Светското клупско првенство. Сериозен сум, можеби ќе стане важен за неколку години. Изгледа Ливерпул уживаше во освојувањето на таа титула. Кога ние игравме, тоа не беше толку важно. Мојот медал во бадмингтон, многу веројатно е поважен од него“ –изјави Сколс.