Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Пауло Дибала е меѓу играчите кои разочараа најмногу оваа сезона, а се шпекулира дека неговата игра најмногу ја погодило доведувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус минатото лето.
Веќе некое време се споменува дека одличниот аргентинец можно е да го напушти торинскиот клуб, но после фотографиите кои се направени кришум нема дилема дека одличниот офанзивец ќе остане во тимот на Бјанконерите.
Дибала заедно со Федерико Бернардески се фотографираше во дресот на Јувентус за наредната сезона. Со оглед на тоа што послужил како модел за промоција на новата гарнитура, јасно е дека „десетката“ на Старата Дама ќе биде резервирана за него и наредната сезона.
Овој 25 годишен фудбалер оваа сезона, сметајќи ги сите натпреварувања постигна 10 погодоци, по пет, во Лигата на Шампионите и во Серија А, но навивачите на Јувентус сигурно очекуваа повеќе од него.